Јункер: Преговорите со Западен Балкан ќе продолжат, но ќе нема проширување во следните пет години

Од:

Проширувањето на ЕУ е историски успех, кое донесе мир и стабилност за нашиот континент, истакна Жан-Клод Јункер пред европратениците во Стразбур претставувајќи ги општите програмски ориентации на неговото претседавање со Европската комисија.

Сепак, како што јавува дописникот на МИА од Стразбур,  според идниот претседател на Европската комисија денес Унијата и нејзините граѓани треба да ги прифатат последните проширувања за време на кои 13 нови земји и се приклучија на ЕУ за само 10 години.

– ЕУ има потреба да направи пауза во својот процес на проширување со цел да го зацврсти она што беше реализирано од 28-те земји-членки, нагласи Јункер, за веднаш потоа да ги отстатрни сите сомнежи.

– Затоа, под моето претседавање со Комисија, преговрите кои се во тек ќе продолжат, посебно со змејите од Западен Балкан, кои имаат потреба од Европската унија. Сепак нема да има ново проширување во наредните пет години, рече Јункер.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он