Инспирирано од стилот на славниот архитект Френк Лојд Рајт, архитектонското студио „Мери Ени Смајли Интериорс“ крај едно езеро ја изгради куќата „Ралф Јестер“.
Оваа елегантна куќа, која се простира на површина од 1.026 метри квадратни, се карактеризира со камени столбови, полирани мермерни подови и прекрасен панорамски поглед.
Куќата има голема трпезарији со стаклени ѕидови преку кои се пружа поглед кон езерото, салон, кујна, четири спални соби и пет бањи.
Фасадата е изработена од гипсен малтер и камен, а во севкупниот екстериер на градбата совршено се вклопува и базенот сместен во нејзиниот двор, кој ја продлжува брановидната линија на куќата.