ФОТО: Привршува изградбата на Спортскиот центар Јане Сандански

Од:

Спортскиот центар Јане Сандански влегува во финална градежна фаза. Во изградбата на спортскиот центар активно се вклучија повеќе од 20 македонски фирми, и беа ангажирани повеќе од 1000 работници.

“Спортскиот центар Јане Сандански ќе претставува модерен мултифункционален објект кој ќе ги задоволува сите меѓународни стандарди, и истиот влегува во финалната фаза од својта подготовка. Како што и претходно беше најавено овој спортски центар ќе има голема сала која ќе собира 5000 гледачи со 6 ВИП Зони, помала спортска сала со ракометни димензии, со капацитет за 250 гледачи, најмодерен фитнес и аеробик центар, конференциска сала, како и СПА центар кој биде готов кон крајот на оваа година. Оваа сала ќе претставува репрезентативен објект во кој машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар, како и кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, гордо ќе го претставуваат во регионот и Европа “ – изјави генералниот менаџер на СЦ Јане Сандански, Надица Димовска.

Во склоп на спортскиот центар во употреба ќе биде пуштен и хотел Русија. Хотел Русија кој претставува модерна архитектура инспирирана од богата руска историја ќе има 61 соба, од кои 28 еднокреветни соби, 12 двокреветни соби, 6 супериор соби, како и еден претседателски апартман. Ваквата категоризација и поделеност на хотелот ќе ги задоволи сите светски стандарди.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос