Мисовски:Режираниот трилер заврши со љубовна драма на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

СДСМ откако виде дека има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се вратија во салата за да се гласа за законот за следење на комуникациите.

„ВМРО-ДПМНЕ конечно се усогласија, без дебата преку десетина закони вчера изгласаа, значи постигнале заеднички договор, и затоа и ние принципиелно се вративме. СДСМ ќе ги гласа законите кои се приоритетни за Република Македонија. законот ќе биде донесен само поради нашата цврста определба. се надеваме дека постигнале и некаков договор и за Законот за бранителите“, рече Игор Ивановски.

„Режираниот трилер во Собранието заврши со љубовна драма меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Бидејќи немаа што да понудат, заиграа на црвената линија на национализмот. Сите тендери во министерството братски си ги поделивте,  додека вие фингиравте криза народот живее се помизерно. ВМРО се ќе даде само да ги зачува фотељјите. Во овој момент на ДУИ поважен од Сендер-бег им е тендер-бег. Тендерскара влада продолжува, се било фингирано, само во интерес на фотељите

Талат Џафери-ја поздрваи одлуката на опозицијата, бидејќи рече  ја сфатиле важноста на законот.

Силвана  Бонева рече дека е добро што се вратиле , но, побара одговор,  зошто вчера го напуштија Собранието кога декларативно се за Европа.

„ДУИ се врати, дали ви пречеше што не успеавте  да предизвикате меѓуетничка тензија, и дали ви падна сонот за ново мнозинство. Вам  не ви е гајле за европските интеграции, тоа вчера го докажавте. Си го откривте лицето. Должите одговор, зошто бегавте од салата за европски закон?

Изет Зекири посочи дека ДУИ и  ВМРО  ги зголемуваат меѓуетничките тензии. Откако претседателот Вељаноски се обиде д му го одземе зборот, Зекири го повика да  го тргне од говорницата и му кажа дека не се трга додека не се доискаже.

„Да не сте фрустриран што не излегувате“, го праша Вељаноски.

„Болна е оваа игра и стратегија на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, рече Зекири..

Зијадин Села од ДПА побара еден час пауза за, како што реше, ДУИ  да ги вратат  начелата кои ги ветија и за кои говореа во понеделникот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски