А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Викторија Нуланд во посета на Скопје

by А1он14/07/2014 - 07:2588
Share0

Американскиот помошник државен секретар за eвропски и eвроазиски работи Викторија Нуланд денеска ќе престојува во Скопје.

Добивај вести на вибер

Нуланд ќе биде примена од претседателот на државата Ѓорге Иванов, а ќе има средби и со премиерот Никола Груевски, како и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Според најавите, ќе се сретне и со високи владини претставници и политички лидери за евроатлантскиот пат на Македонија, како и за други прашања од заеднички интерес.

Посетата е во рамките на нејзината турнеја на земјите од регионот и Европа, а која почна во петокот со Форумот во Дубровник за Западен Балкан и трансатлантските односи. Нуланд во наредните денови ќе престојува во Подгорица, Тирана, Приштина, Белград, Лондон и Брисел.
Како што соопшти и МНР, за време на средбата на министерот Попоски со Нуланд се очекува да се разговара за билатералните односи меѓу двете пријателски држави, засновани на доверба, стратешко партнерство, како и регионална и глобална соработка, во рамките на меѓународните мировни мисии.

– Ќе се потврди заложбата на Владата и институциите на Република Македонија во спроведувањето на реформите во контекст на завршување на процесот на потполно интегрирање на државата во евроатлантските организации. Министерот Попоски ќе ја пренесе и јасната посветеност на Република Македонија на процесот на разговори со нашиот јужен сосед, со цел деблокада на интеграцијата на земјата во НАТО и Европската Унија, се вели во соопштението од МНР.

Нулад во американската амбасада во Скопје ќе има средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, соопшти партијата.

sad

Би можело да ве интересира

Американската морнарица бара ирански поморски мини во Ормутскиот теснец

Горан Наумовски16/04/2026 - 10:08

САД планираат серија акции против Куба

Горан Наумовски16/04/2026 - 07:59

Пентагон се подготвува за инвазија на Куба

Горан Наумовски15/04/2026 - 22:2915/04/2026 - 22:30

Верижен судар на 75 возила во Колорадо, 19 лица се повредени

Горан Наумовски15/04/2026 - 22:28

Багеи: Бараме крај на војната и право на збогатување ураниум

Горан Наумовски15/04/2026 - 18:5215/04/2026 - 18:58

САД подготвуваат копнена операција ако прекинот на огнот во Иран не успее

Горан Наумовски15/04/2026 - 16:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто