Грабул поразен во финалето на фјучрсот во Белгија

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул не успеа да триумфира во своето прво финале во 2014 година. Тој попладнево на фјучрсот во Кнок, Белгија загуби од Даниел Масур (Германија) со 2:1 (7:6 (8:6); 4:6; 7:6 (7:2) во сетови, а притоа противникот двата сета ги доби во тај брејк.

Во изедначениот прв сет Масур во тај брејкот беше подобар со 8-6 на поени, што значеше водство од 1:0 за Германецот. Грабул се врати во игра во вториот сет кој го доби со 6-4 во гемови и се избори за решавачки сет.

Во третиот сет повторно решаваше тај брекот, кој Масур го доби со 7-2 на поени. За Германецот ова беше прва турнирска победа.

Нашиот тенисер Димитар Грабул во своето трето финале на фјучрсите во кариерата го претрпе првиот пораз. За пласманот во финалето Грабул ќе освои 10 АТП поени.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров