СДСМ: Политиките на Груевски во сите сфери се штетни за граѓаните

Од:

„Власта на Никола Груевски не само што нема срам, туку нема ни совест.

Не само што го најавија најновото покачување, на патарините, во момент кога Македонија жали по трагично загинатите пилоти.

Не само што не чувствуваат одговорност да го објаснат пред граѓаните бранот поскапувања на струјата, бензините, патарините и последиците што ќе повлечат редица други покачувања.

На Никола Груевски, и по 8 години од неговото владеење, сеуште му се виновни други.

Груевски треба да одговори дали кога најави отпишување долгови на социјални категории граѓани, во план ги имаше ненајавените ценовни шокови?

И дали свесно создаваат нова категорија осиромашени граѓани, чија егзистенција ќе зависи од милоста на државата што ја раководи тесната група на власт?

Политиките на власта на Никола Груевски во сите сфери на општественото живеење се штетни за граѓаните и токму тие политики не и носат добро на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ