НСДП: Груевски се плаши од техничка влада

Од:

„После изјавата на Премиерот Никола Груевски, дека не прифаќа формирање на техничка влада и по цена РМ да ја изгуби препораката за отпочнување на преговорите со ЕУ, станува јасно дека Груевски призна дека ВМРО ДПМНЕ не може да победи на ниту едни избори организирани на фер и демократски начин.

Кога политиката на портокаловата револуција навистина би се темелела на барање на гласови за реализирани проекти од општ интерес за граганите, чуму би бил тогаш стравот на Груевски за формирање на техничка влада, која би организирала предвремени парламентарни избори согласно изборниот законик и европските стандарди. Уште еднаш сакаме да го потенцираме ставот на НСДП, дека без злоупотреба на полицијата, буџетските средства и останатите државни ресурси, ВМРО-ДПМНЕ не можат да победат на ниту едни избори“, пишува во соопштението на НСДП.

„Можеме само да претпоставиме колку криминал, злоупотреби, насилие, уцени, закани и поткупувања се случуваат во текот на неколку изборни циклуси наназад, кога Премиерот на државата, наместо исполнување на обврската за организирање на фер и демократски избори, спремен е да ја стави на коцка позитивната препорака од ЕУ, со единствена цел ,резултати на изборите по секоја цена.

Мотивите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се коцкаат со иднината на РМ, можеби се кријат во стравот од губењето на власта и кривичната одговорност за нивното криминалното владеење во изминатиот период, особено за осетливиот предмет Македонска банка и евентуалните 1,5 милиони евра провизија, за кои што можеше да слушне целата Македонска јавност“, велат од НСДП.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски