Полната Месечина вечерва ќе биде невообичаено голема и тоа ќе биде една од ретките можности за набљудување на т.н. супер Месечина.
Тоа е назив за полна Месечина, која „расте“ кога нашиот вселенски сосед се наоѓа релативно близу до нашата планета. Таа оддалеченост варира, бидејќи сателитот на Земјата следи елиптична орбита. Кога е полна и близу Земјата, изгледа поголема и посветла од вообичаено.
Месечината денеска, кога ќе се појави на хоризонтот на набљудувачите ќе им изгледа огромна, но тоа е само илузија предизвикана од нејзината моментална позиција на небото.
Ова лето не очекуваат уште две супер Месечини, на 10 август и на 9 септември.