При пад на авион на истокот од Мексико загинале четворица, а повредени се двајца луѓе, соопштија денеска локалните власти.
Остатоците од малиот авион, марка „цесна“, се откриени во четвртокот во близина на градот Алто Лусеро. Во тек е истрага која треба да ги утврди причините за несреќата, пренесе АФП.
Авионот летал од државата Тамаулипас, на североистокот од Мексико, долж границата со САД, кон Веракруз.