Германско-американскиот шпионски скандал прераснува во политичка криза, смета поранешен француски разузнавач

Од:

Шпионскиот скандал меѓу Германија и САД прерасна во невидена политичка криза, изјави поранешниот началник на Одделот за разунавање на Главната управа за надворешна безбедност на Франција, Ален Шуе.

– Тоа што се случува во моментов не е криза, која се појави меѓу разузнавачките служби на двете земји, бидејќи тие само ги исполнуваат наредбите на своите влади. Очигледно е дека имаме работа со појава на политичка криза без преседан во односите меѓу двете земји, изјави Шуе во интервју за францускиот весник „Фигаро“.

– Ниту ЦИА, Нниту НСА не презеле шпионска активност кон Германија на сопствена иницијатива, тие исполнувале наредби дадени од органи на американската извршна власт, додаде тој.

– Германија е земја лидер на Европската унија, пред се поради својата индустриска и економска моќ. Таа игра голема улога во донесување одлуки во органите на Европската унија. Токму поради тоа откривањето на нејзините намери и откривањето на нејзините цели е важна задача за разузнавачките служби на неевропските држави, кои ЕУ ја сметаат за конкурент, нагласи Шуе.

На прашањето дали е можно разузнавачките служби на одделни земји меѓусебно да постигнат спогодба за етиката на работењето, тој даде негативен одговор

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска