ИКЕА почна со продажба на својот прв електричен велосипед под име Folkvänlig кој чини 749 евра, и првично ќе биде достапен во Австрија.
Електричниот велосипед е логично продолжение на трендот во ИКЕА.
Рам-конструкцијата на велосипедот е од челик и алуминиум и има две верзии – за мажи и за жени.
Моторот има 250 вати и со него може да се помине околу 20 до 30 километри. За полнење на литиум-јонските батерии потребно е околу 6 часа. Додека „верглате“ на педалите батериите исто така се полнат и тоа преку Шимано менувач со шест модуси на возење.