Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд во понеделник ќе престојува во Скопје, соопшти Стејт департментот.
За време на својот еднодневен престој во Скопје, Нуланд ќе се сретне со високи владини претставници и политички лидери на кои ќе разговара за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО и за други прашања од заеднички интерес.
Нуланд денеска ќе присуствува на форумот во Дубровник за Западен Балкан и трансатлантските односи.
Таа е на турнеја по земјите од регионот и Европа и во наредните денови ќе има средби и во Подгорица, Тирана, Приштина, Белград, Лондон и Брисел. Во Скопје доаѓа по посетите во Подгорица, Приштина, Белград и Тирана.