Осомничени бунтовници убија тројца полицајаци од заседа во јужниот дел на Тајланд, соопшти полицијата.
Група напаѓачи отвориле оган доцна синоќа врз полициско возило со кое патувале тројца полицајци во провинцијата Јала.
Во нападот е повреден и еден цивил. Локален муслимански лидер, што стоел пред џамија во близина на местото на нападот бил ранет.