Македонскиот тенисер Димитар Грабул се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот во Кнок, Белгија. Неговиот денешен ривал во четвртфиналето Јонас Меркс при резултат 4:1 во гемови во првиот сет го предаде мечот.
Ова беше трета победа по ред на Грабул над Меркс во четирите меча кои досега ги имаат одиграно. Следен противник ќе му биде квалификантот од Холандија Скот Гриекспор (1.000 место на АТП листата), кој со 6:1 во двата сета го победи Давид Флеминг од Чиле.
Грабул е рангиран како петти носител на турнирот, а оваа година имаше четири пласмани во четвртфиналето.