Пилот нарачал пици за сите патници поради доцнење на летот

Од:

Менаџер на популарниот синџир пицерии „Доминос“, Енди Ричи, во текот на својата кариера добил многу различни нарачки, но ниту една не била да нахрани цел авион со гладни, уморни и нервозни патници.

Пилотот на авиокомпанијата „Фронтир Ерлајнс“ ја повикал пицеријата во Шајен и нарачал пици за 160 патници и членови на екипажот за да се „извади“ за доцнењето.

Ричи и двајца вработени во пицеријата подготвиле 35 пици и ги ипратиле на аеродромот.

– Го донесовме до шалтерот за чекирање и тогаш персоналот го испрати нашиот возач до авионот каде пиците им беа предадени на стјуардесите, рече Ричи.

Авионот летал од Вашингтон за Денвер, но заради невреме морал да слета во Шајен.

Авионот веќе доцнел, а заради невремето тоа доцнење било продолжено за уште два часа, пренесуваат американските медиуми.

Се покажало дека во авионот немало храна, поради што пилотот се одлучил на овој потег.

Според еден од патниците пилотот се огласил со зборовите: „Дами и господа, „Фронтир Ерлајнс“ можеби е една од најевтините авиокомпании во САД, но Вашиот капетан не е циција“. И ги нарачал пиците за цел авион.

Ричи потврди дека пилотот ја платил сметката со кредитна картичка, а цехот изнесува повеќе стотици долари.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ