МВР: Граѓаните да пријават ако препознаат некој од хулиганите на видеата

Од:

Министерството за внатрешни работи врз основа на видео снимки, и снимките од медиумите досега идентификуваше голем дел од најекстремните и најагресивните насилници кои минатиот петок дивееја во центарот на Скопје, повредија 30 полициски службеници и демолираа згради на државни институции, информираат од МВР. Оттаму посочуваат дека доколку кој било граѓанин препознае некого од хулиганите, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата би била анонимна, соодветните полициски служби ќе постапат и доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки, истакнуваат од МВР. Министерството апелира граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во какви било насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините