Министерот Попоски на Croatia Forum во Дубровник

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, од денеска до 12-ти овој месец ќе учествува на традиционалниот Croatia Forum, што ќе се одржи во Дубровник.

На Форумот предвидено е учество на политички претставници на институциите на Европската унија, министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот, како и високи претставници на Соединетите Американски Држави, Русија, Кина и Јапонија.

Овогодинешната конференција ќе биде посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, тематски поделена во четири сесии, на кои ќе бидат дискутирани актуелните состојби, перспективите и предизвиците во процесот на проширувањето на Европската унија.

Министерот Попоски, како што е предвидено, ќе има обраќање на вториот панел на Форумот на тема „Иднината на проширувањето на Европската унија“.

На маргините на форумот, се очекува министерот Попоски да оствари билатерални средби со хомолози од неколку земји-членки на Европската унија.

Croatia Forum е политичка конференција на која министри и други високи политички претставници ќе дискутираат за актуелни прашања од политичката агенда на Југоисточна Европа, Европската унија и поширокото европско соседство и трансатлантските односи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија