Брзата помош во Велес со повеќекратно зголемен бројот на повици од граѓаните

Од:

Во овие летни денови за повеќепати е зголемана работата на терен на медицинската екипа на Брзата помош од Велес.

Како што не информираа дежурните лекари од службата, најчесто за прва медицинска помош се јавуваат хроничните болни кои тешко ги поднесуваат високите летни температури и им е неопходна брза интервенција. Тоа се срцевите болни, асматичарите, пациентите со дијабет кои имаат зголемен шеќер во крвтта но и пациенти со висок и низок крвен притисок, како и болни со канцер.

Лекарите велат дека поради непрекинатото пуштање на клима уредите во домовите има и доста граѓани па и цели семејства кои деновиве добиле зголемена температура и се обратиле во Брзата помош за интервенција.

Лекарите препорачуваат посебно на оние хронично болните, да не се движат на отворено во периодот од 11 до 16 часот кога се и најаки ултравиолетовите зраци. Да консумираат што повеќе течности, како и овошје, зеленчук и лесна храна и да се придржуваат кон пропишаната терапија од лекарите.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон