Климкин: Јужен поток е политички проект

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин истакна дека Јужен поток е политички проект кој нема ништо да смени за Европа.

– Има проекти кои имаат политички карактер. Ако проектот Јужен поток биде реализиран тоа за Европа нема ништо да промени, посочи Климкин, додавајќи дека претставници на земјите кои се против изградбата на гасоводот неодамна биле во Киев.

Тој истакна дека некои земји се подготвени да вложат средства во модернизацијата на украинскиот гасоводен систем.

Климкин посочи оти Украина е подготвена да обезбеди транзит на гас преку својата територија, а за тоа ќе придонесе реформата на „Нафтогаз“.

– Сегашната ситуација со доставата на гас е тест за Европа од гледна точка на улогата, што ќе ја има Европската унија во светот, истакна Климкин.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: ЕУ со двојни стандарди го дозволи Северен, но не и Јужен поток

Ана Ололовска

Сијарто: Можно е рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Наум Локоски

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Раскинат договорот за „Јужен поток“

Емир Латифовиќ

Додик: „Јужен поток“ повторно ќе дојде на дневен ред

Емир Латифовиќ

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ