Јанкулоска: По насилните протести во Тетово, десет лица и заработија кривични пријави

Од:

Десет лица кои учествуваа на насилните протести во Тетово заработија кривични пријави, а две од нив ќе бидат изведени пред судија во предистражна постапка, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанколоска при нејзината посета на Гостивар.

Министеркста Јанкулоска, нагласи дека изминативе денови се работело на идентифкација на лицата кои биле организатори и насилнички се однесувале во протестите на 6 јули во Тетово кога беа повредени шест полициски службеници.

– Во врска со протестите, кои за жал ескалираа со насилство, МВР ги презеде сите мерки во функција на откривање на поединци кои се однесуваа агресивно и нападнаа полициски службенци. По кординацијата со јавниот обвинител и иденфикацијата комплетирани се десет кривични пријави. Двајца пријавени се сомничат за дела “учество во толпа што ќе спречи службено лице” и напад на служебно лице при вршење на работи на безбедност, рече Јанкулоска.

Таа нагласи дека во текот на денот лицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово и дека се работи на идентификување на други учесници во протестот кои насилно се однесувале.

На новинарско прашање, што МВР презема по зачестените повици на насилство и етничка омраза по социјалните мрежи, министерката Јанкулоска одгововори:

– МВР изминативе седум денови  ги следи состојбите интензивно работи да ги иднетификуваме лицата кои го прават тоа. Нема да дозволиме група насилници да предизвикува насилство и да го наршува законот. Нема да правиме разлика кој објавува текстови и фотографии кои повикуваат на насилство и меѓуетничка нетрпеливост. МВР има капацитет да се справи со ваквите сосотојби, подвлече Јанкулоска.

При посета на полициската станица Гостивар, Јанкулоска присуствуваше на отварањето на објектот за работа со деца. 

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он