Боксерските ракавици кои му припаѓаа на светскиот шампион Мухамед Али, ќе бидат продадени на аукција, која ќе се одржи на 31-ви јули во Далас, во американската држава Тексас.
Според пишувањето на американските медиуми, се очекува тие да достигнат цена од 500.000 долари.
Поранешниот шампион во тешка категорија, ги носел овие ракавици во „мечот на векот“, против својот ривал Џо Фрејзер, прецизира аукциската куќа „Херителџ окшн“.
Инаку трикратниот светски шампион во тешка категорија, веќе неколку години боледува од Паркинсонова болест.
Е.Г.