Децата кои ќе тргнат на училиште во 2020 година, најверојатно ќе имаат соученик чие име ќе биде Катнис или Калеси, покажува најновото истражување на сајтот за имиња на бебиња „Нејмбери“.
Овие податоци се добиени со следење на тоа за кое име корисниците најчесто барале објаснување на значењето.
Катнис е главна хероина во “Играта на гладта“ на Сузан Колинс, а ова име е 14 по ред на листата на најпроверувани имиња на сајтот.
На 13 место е Хејзел (главниот лик од „Виновни се ѕвездите“), додека Елса, ликот од „Смрзнатото кралство“ е на 88 место.
Калиси т.н. „мајка на змејовите“ од популарната серија „Игра на престолот“ е на 18-то место.
Засега останува да се види колку родители ќе ги именуваат своите деца по јунаците Катнис, Хејзел и Калеии, иако сега е во мода да се крстат децата според јунаците од омилените филмови, серии или романи.