А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Холандски туристи и наредните три години ќе летуваат во Македонија

by А1он09/07/2014 - 15:5390
Share0

Туристи од земјите на Бенелукс и наредните три години ќе бидат гости на Охридско-струшката ривиера, благодарение на продолжувањето на договорот на холандскиот тур-оператор „Корендон интернешнал“ за закуп на аранжмани за сезоните 2015, 2016 и 2017 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што појасни Асим Меџедовиќ, менаџерот на „Фибула Ер Травел“ – македонскиот партнер на „Корендон“,вредноста на потпишаните договори изнесува неколку милиони евра, со тоа што се закупени аранжмани во повеќе од десет хотели на Охридско-струшката ривиера.

– Новина во закупот на аранжмани за следните години е што на понудата хотелите ќе имаат и „алл инцлусиве“ како и други дополнителни услуги и содржини за гостите, што се очекува да резултира со зголемување на вкупниот број туристи од државите на Бенелук, истакна Меџедовиќ.

Претседателот на Здружението на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ) Дончо Танески оцени дека потпишување на тригодишните договори за хотелиерите значи одредена сигурност во натамошното работење, во планирањето и сигурноста за инвестициите предвидени за наредните три години.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Изминатите три години договорите со „Конредон“ помогнаа во реконструкција и реновирање на постоечките хотелски бази, во подобрување на квалитетот, зависно обемот на средствата и барањата на гостите… . Се надевам дека и оние кои не успеале изминатите три години нешто да инвестираат, дека и тие во наредниот период ќе можат нешто да подобрат во своите услуги, се со цел за отварање на нов пазар, со што би биле вклучени и оние хотели што немаат склучено договори за закуп за гости од Бенелукс, нагласи Танески.

За новината во понудата на хотелите со „ алл инцлусиве “ услугите, каква што од оваа година воведе хотелот „Гранит“, Танески оцени дека таа претставува збогатување на понудата, како што истакна „во оној дел во кој ние како хотелиери треба да дојдеме до израз, прекуподобрување на квалитетот на сместувањето, во понудата во делот на забавата за гостите во самите хотели, се до „алл инцлусиве“ понудата, на која се навикнати туристите од западните земји.

ohrid

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео