Младиот автор Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, во кратко видео, објавено денеска на „Јутјуб“ ја раскажал приказната за Автономниот култуно социјален центар (АКСЦ) кој во Скопје работи веќе неколку месеци и досега организираше голем број настани.
– Пробав во три минути да раскажам приказна за тоа колку малку е потребно за пoттикнување на една иницијатива од идеја да стане реалност. Приказна како силна желба и заедничко здружување можат да донесат промена во општеството. АКСЦ е можеби сè уште мал простор ама е голема идеја, која се шири, вели авторот Ѓорѓевиќ
Видеото е резултат на тренингот за видео активизам одржан од продуцентката Ени Ескобар наречен „Awake Storytelling” , во организација на Младински образовен форум (МОФ).
АКСЦ за утре (четврток) во 21:00 часот во Ла Кања (Стара Чаршија), најавува донациска забава за собирање на средства наменети за одржување на центарот, со музика од Васко Атанасоски од „Bernays Propaganda“ и Давид Ангелевски aka Pikolomini