Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во Источното Море, соопшти заедничкиот Генералштаб на јужнокорејската армија.
– Северна Кореја истрела две ракети со краток дострел, најверојатно од типот Скад, во Источното Море од провинцијата Хванг во североисточен правец, изјави портпаролот на Генералштабот Ум Хјо-сик.
Ракетите летале околу 500 километри и паднале во меѓународни води, истакна тој, додавајќи дека Северна Кореја не го најавила лансирањето на ракетите за предупредување на цивилни авиони или бродови.