Ќерка компанија на „Газпром“ ќе го гради гасоводот „Јужен поток“ на територијата на Србија

Од:

Компанијата „Саут стрим“ склучи договор со фирмата „Центаргаз“ за изградба на гасоводот „Јужен поток“ на територијата на Србија, јави ИТАР-ТАСС.

„Центаргаз“ е инвестициско-градежен холдинг, ќерка компанија на „Газпром“ и таа ќе биде задолжена за проектирањето, доставките на опремата и материјалите, градежно-монтажните работи обуката на персоналот и воведувањето на „Јужен поток“ во експлоатација на територијата на Србија.

Условите во договорот предвидуваат како подизведувачи на одделни видови градежни работи да бидат ангажирани српски компании.

На тендерот за изградба на гасоводот, објавен во март оваа година учествуваа четири компанјии од Русија и од Србија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени