Во 2015 година Истанбул домаќин на првиот АТП турнир

Од:

Турскиот град Истанбул од 27 април до 3 мај 2015 година ќе го организира својот прв АТП турнир, објави денеска Здружението на тениски професионалци.

Турнирот ќе се игра на земјена подлога во најголемата тениска академија на светот која има 63 отворени и затворени тениски игралишта. Централниот терен на академијата има подвижен кров.

Вклучувајќи го и турнирот во Истанбул, АТП календарот во 2015 година ќе содржи 62 натпреварувања во 32 држави.

Претходно Истанбул организираше турнир ВТА турнири на кои учествуваа најсилните светски тенисерки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров