Мундобаскетот во Шпанија без Вестбрук

Од:

Репрезентацијата на САД на претстојниот Мундобаскет во Шпанија (30 август – 14 септември) ќе настапи ослабена откако една од НБА ѕвездите Расел Вестбрук го откажа настапот.

Бекот на Оклахома Сити се заблагодари на поканата и изјави дека планира во летниот период да се одмори и подготевен да ја дочека новата сезона во НБА лигата.

Вестбрук во претходната сезона поради повреди пропушти 36 натпревари (проблеми со десното колено), а претходно имаше и неколку незгодни повреди.

Тренинг кампот на екипите од НБА лигата почнува во септември, додека подготовките за Мундобаскетот во Шпанија се закажани за средината на јули што значи помалку време за одмор.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос