(ВИДЕО) Џабир Дерала: Во Македонија се одигра валкан меч

Од:

Публикацијата „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“ во издание на Цивил беше промовирана денеска во клубот ГЕМ. Автори се Сашо Орданоски, Џабир Дерала, Сандра Гавриловска, Мери Јордановска, Петар Стојковиќ и соработничката екипа составена од членовите на проектниот тим на Цивил, меѓу кои се и Фросина Митрушева, Билјана Јордановска, Арбана Ќерими, Џелал Хоџиќ, Стефан Урџановски, Бунјамин Камбери, Кате Христовска, Соња Ефтовска, Горан Наумовски.

Публикацијата содржи извештај и анализа на изборниот процес и општата политичка состојба во земјата, анализи на правните аспекти на нерегуларностите, медиумите и пропагандата. Во публикацијата се откриваат детали за методологијата на Цивил во спроведувањето на проектот, како и влијанието на Цивил во интернет просторот.

-Скавме и на овој начин да покажеме, во духот на светското фудбалско првенство дека и во Македонија се одигра еден меч кој беше крајно валкан, кој беше крајно нерегуларен, нефер, недемократски. Во изданието раскажавме една приказна дека Македонија се наоѓа во континуирана предизборна кампања, во која политичките мерила и се’што може да подразбира фер и демократко однесување – ги нема. А, Македонија живее во една долготрајна политичка криза. Во публикацијата презентиравме докази и информации за тоа како тоа се случува, како се имплементираат интересите на структурите на моќта, односно на власта и последиците на тоа во постизборието. Очекуваме уште полоша уште потешка состојба. Политичката криза ќе се продлабочува, таа веројатно ќе биде комбинирана и со безбедносни предизвици, тоа ќе биде ситуација во која насилството ќе биде секојдневно и можеме да очекуваме понатамошен пад на системот, политизацијата на институциите ќе си го собере својот данок на крај и ќе имаме хаос во државата, вели Џабир Дерала, од Цивил.

Според Дерала и неодамнешните немири и протести се последица на лошите практики и политики на власта и на локално и на централно ниво, а со политичка волја меѓу владејачката коалиција можат да се спречат сите негативни трендови во државата, особено затоа што тие ги имаат инструментите со кои и ги започнаа сите неволји. Не е доцна да се запрат овие трендови.

На промоцијата беше претставена и изложба на стрипови од Игор Стевковски – Стевац, кои предизвикаа најмногу внимание, на кои – Јани Макрадули е на гол, судија е Зврлевски, Амди Бајрам продава кикирики, навивачите се од Пустец, Ахмети мирно си пуши цигара…

Вториот дел од изложбата содржи документи, видео снимки и сведоштва кои ги регистрале членовите на Цивил за време на изборите, поставката е креирана од Филип Јовановски и Никола Писарев.

На промоцијата, ексклузивно се прикажа извадок од документарниот филм од Фаик Грбовиќ, автор од Македонија кој веќе две децении живее и работи во Лондон.

Освен анализите и извештаите, во публикацијата се поместени и бројни стрип илустрации од Игор Стевковски и документарни фотографии од теренот.

Цивил продуцираше и електронско издание на ДВД кое ја содржи публикацијата на македонски, албански и англиски јазик, како и детален дневник на настани во контекст на македонските избори. Во ДВД изданието се поместени и 42 видео прилози и фотографии кои ја документираат работата на Цивил во текот на овој обемен проект.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски