Села: Нема толеранција за концесионерите, ќе ги вратам плажите на граѓаните

Од:

Нема да има толеранција за ниеден концесионер, кој не ги почитува законските прописи за обележување и обезбедување на плажите, истакна градоначалникот на општина Струга Зијадин Села.

Тоа што е пропишано со закон и правилници, нагласи дека треба да се почитува и оти општината постојано прави контроли и презема мерки.

Според струшкиот градоначалник, имало случаи каде е наведено дека плажите се само за гости од хотелот.

– Не може така да се однесуваат со јавни површини, кои се богатство на граѓаните на Струга. Реагираме и ги спречувавме таквите појави, а ќе ги спречуваме и во иднина, рече Села.

Проблемот со плажите во Струга, како што нагласи, е наследен, бидејќи Министерството за транспорт ги даде под концесија, а времените објекти не влегуваат во генералниот урбанистички план.

– Министерството можеше да дава концесии, но за времените објекти требаше дозвола од општината. Тоа не е направено тогаш и сите тие објекти се диви. Јас ќе постапам и сите тие објекти ќе бидат тргнати. Само чекам, бидејќи некои имаат, а некои немаат документи. За мене сите се на исто ниво, сите го кршат законот, бидејќи со генералниот план на плажи не е дозволено поставување шанкови и објекти од тврда градба, туку дозволено е само поставување помошни објекти, како чадори, лежалки, спортски реквизити… Нормално дека ова треба да се почитува и планот ми е да ги вратам градските плажи на граѓаните, подвлече Села.

Би можело да ве интересира

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција