Новак Ѓоковиќ подготвува свадба за 150 гости

Од:

Најдобриот тенисер во светот Нова Ѓоковиќ за венчавката која ќе биде на 9 и 10 јули на Свети Стефан, изнајми најлуксузна вила во која ноќевањето чини повеќе од три илјади евра.

На Свети Стефан при крај се последните подготовки за венчавката.

Веселбата која ќе биде после венчавката на Кралската плажа ќе биде со големо обезбедување. На гостите на свадбата на Новак и Јелена ќе им биде на располагање голем шатор, како и велнес центарот на Кралската плажа. Тие двајца првата брачна ноќ најверојатно ќе ја поминат во познатата вила 118 која сега се вика апартман „Свети Стефан“. Таа има две нивоа и најголема соба од 165 квадрати каде би требало да бидат младенците,  чини 3.500 евра за една ноќ.

Пред Новак и Јелена  во оваа вила претстојуваа многу припадници на светскиот џет-сет. Меѓу нив биле Елизабета Тејлор, Карла Бруни, Силвестер Сталоне, Софија Лорен, Клаудија Шифер, Џереми Ајронс, англиската принцеза Маргарета.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров