Израелската армија денеска соопшти дека почна голема воена офанзива против владејачкиот Хамас во Појасот Газа. Во операцијата погодени се најмалку 50 цели на палестинска територија.
Портпаролот на израелската армија потполковникот Петер Лернер изјави дека се нападнати и четири куќи на палестински борци, каде биле скриени ракети. Тој наведе дека поголемиот број од целите биле погодени од воздух.
– Армијата постепно ги интензивира нападите врз Појасот Газа и почна да ги регрутира резервистите за евентуална копнена операција, посочи потполковник Лернер.
Според израелската армија околу 300 ракети биле истрелани врз Израел од Појасот Газа во изминатата недела, а вчера биле истрелани 80.