Роџер Мур – бестрашниот Џејмс Бонд, добивал ќотек од неговите жени

Од:

Актерот Роџер Мур кој го толкуваше ликот на Џејмс Бонд, откри дека бил жртва на семејно насилство. Него го малтретирале двете поранешни жени-првата го гребела и го гаѓала со чајник, а другата го удрила со гитара по глава.

Мур отворено проговори за бракот со Дурн ван Стејн, со која се венча во 1946 година кога имал само 19. години.

Професионалната лизгачка неколкупати го напаѓала, а во една прилика го гребела и удирала. Еднаш дури и фрлила по него со чајник.

„Се сончав во градината. Ги соблеков пантолоните, кога видов дека чајник лета накај мене. Тогаш одлучив дека е време да одам“, рече актерот, кој откри дека Дурн ја исфрлила сета негова облека.

Таа го удрила и неговиот лекар кој ја лекувал неговата рака, пренесува британскиот „Телеграф“.
„Тоа беше промена, со оглед дека таа обично ме тепаше мене“, објасни Мур.

Мур немаше среќа ниту со следната жена, Дороти Сквајерс, која ја нападнала кога дознала дека ја изневерува.

„Често свирев гитара со намера да избегнам расправија. Еден ден свирев и не обрнував внимание на тоа што таа го зборуваше. Во следниот момент почувствував дека ме удира со гитарата по главата“, рече Мур.

Таа го нападнала и кога дозанала дека ја изневерува со италијанската актерка Лујза Матиоли, со која подоцна и се ожени.

„Дороти фрли со тула од прозорецот по мене, а потоа ме зграпчи за кошулата. Полицијата стигна и ја и рече дека и крвари раката, а таа рече дека и крвари срцето.

После два барака, и оној со италијанската актерка, Роџер Мур конечно е среќен во четвртиот брак, со Кристина Толструп.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ