Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и комисијата за транспорт, врски и екологија.

Предлог-законот за спортска академија во прво читање е единствената точка за која ќе се расправа на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, на Кривичниот законик и Предлог-законот за прекршоци, сите во прво читање.

Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница ќе расправа по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за градење и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа во прво читање поминаа на пленарна седница

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледуваат Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, во прво читање како и извештаите за работата на Советот на јавните обвинители, на Агенцијата за администрација, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Државната комисија за одлучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен и годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2012 година.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува Предлог-законот за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата, во прво читање, Предлог – Одлуката за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти 2012 година,  Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2012 година, Извештај за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за периодот од 1.1.2012-31.12.2012 година и Финансискиот план на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013.

Би можело да ве интересира

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа во прво читање поминаа на пленарна седница

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите