Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Пентагон, Вашингтон, ќе оствари работна средба со помошникот на секретарот за одбрана на САД, Дерек Колет, задолжен за меѓународни безбедносни работи.
За време на средбата, соопшти Министерството за одбрана, меѓу другото ќе се разговара и за одбранбената соработка меѓу Република Македонија и САД, како и за идниот ангажман на Армијата на Република Македонија во новата мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“.
Претходно, како што е најавено, министерот Јолевски ќе оствари средба и со конгресменот Мајк Конавеј, член на Комитетите за одбрана и разузнавање каде ќе се разговара за влезот на Македонија во НАТО.
Јолевски ќе има и работен ручек со 20-тина претставници на Белата куќа, Пентагон, Стејт Департманот, како и повеќе институти кои прават анализи за светската безбедносна ситуација и улогата на НАТО.