Силен земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Мексико, соопшти Американскиот геофизички институт.
Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри југозападно од градот Тапачула во мексиканската сојузна држава Чијапас, со жариште на длабочина од 75 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за жртви или за предизвикани материјални штети.