Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и за труд и социјална политика.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања е презентацијата на Програмата и приоритетите за работа на Италијанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2014 година. Програмата пред члeновите на Комисијата ќе ја претстави амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино-Белели.

Единствена точка на денвиот ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во прво читање.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, пак, ќе го разгледа извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик.

Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедници и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог-законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да го разгледа Предлог-законот за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба во второ читање.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да се изјаснат за Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за ѓубрива, на Законот на производи за заштита на растенијата, на Законот за семенски и саден материјал, за земјоделски растенија, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за ловство и на Законот за земјоделство и рурален развој, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он