Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата

Од:

Новак Ѓоковиќ, благодарение на титулата која во неделата ја освои на Вимблдон, се врати на првото место на АТП листата. Ѓоковиќ во финалето на најпрестижниот светски турнир за три часа и 55 минути го совлада Роџер Федерер со 3-2.

Ѓоковиќ на првото место на АТП листата се враќа прв пат по 7.октомври минатата година кога бројот 1 му го препушти на Рафаел Надал.

Српскиот тенисер, во понеделникот, ја започна својата 102 недела на првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ на првото место има 13.130 бодови, втор е Надал со 12.670, додека Федерер се врати на третото место пред сонародникот Станислас Вавринка.

Најдобрите четворица ги следат Томаш Бердих од Чешка и Канаѓанецот Милош Раониќ, за кого шестото место е и најдобар АТП ранкинг во кариерата.

Давид Ферер и Хуан Мартин дел Потро ги задржаа позициите кои ги имаа и пред Вимблдон, а зад нив е Бугаринот Григор Димитров, кој со пласманот во финалето на Вимблдон се искачи на деветото место.

Енди Мареј е на десетото место, Британецот загуби пет позиции откако не успеа да ја одбрани титулата на Вимблдон.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров