Американските истражувачи тврдат дека двете егзопланети, за кои астрономите сметаа дека се погодни за живот, всушност се илузија, која настана како последица на активност на ѕвездите.
Според нивните пресметки планетите „Глиесе“ „д“ и „г“ биле сместени на 22 светлосни години од Земјата, во зона која што е доволно близу, а истовремено и доволно далеку од ѕвездите на кои има вода. Тоа исто така е простор во кој температурата и атмосферата се погодни за настанок и еволуција на живот.
Во моментот кога била откриена „Глиесе г“ во 2010 година е опишана како егзопланета која е најслична на Земјата. Меѓутоа астрономи од Државниот Универзитет во Пнсилванија веруваат дека „Глиесе“ „д“ и „г“, не се планети туку сигнали кои ги испраќа ѕвездата. – Според нашите истражувања, двете планети за кои сите зборуваат за жал не постојат. Она што најпрвин беше сфатено како сигнал од планетата, всушност е предизвикано од активност на ѕвездите- тврди Суврат Махадеван, ко-авторот на студија.
Со други зборови магнетните полиња или сончевите дамки најверојатно се причина за погрешно толкување на сигналот.
Научниците „открија“ шест егзопланети, околу ѕвездата „Глиесе 581“, но со елиминација на „Глиесе“ „д“, „г“ и „ф“ останаа само три, од кои на ниту една нема услови за развој на живот.
Е. Г.