Една руска туристка денеска почина откако вчера беше погодена од огнено оружје додека ги обиколувала историските знаменитости на кениското пристаниште Момбаса, соопшти полицијата.
Туристката шетала по тврдината Форт Џизас, која во 16 век ја изградиле Португалците, а се наоѓа на списокот на УНЕСКО за светско културно наследство, кога врз неа припукале припадници на вооружена група и и ја грабнале чантата со фото-апаратот, мобилните телефони и други лични предмети, пренесуваат француските медиуми.
Момбаса последните месеци е средиште на се почести пукотници и бомбашки напади, за кои главно се обвинуваат припадниците на сомалиската исламистичка група „Аш Шабаб“ и нивните локални помагачи.
Сомалијците со овие напади им се одмаздуваат на Кенијците заради воената интервенција на Кенија врз нивната земја.
Северно од Момбаса, вчера, во два напада беа убиени најмалку 29 лица.
Минатиот месец „Аш Шабаб“ ги предупреди странските туристи да се тргнат од Кенија, која ја нарекоа „воена зона“.