Во двата напада на кенискиот брег убиени се 29 лица, соопшти кениското Министерство за внатрешни работи. Сомалиската исламистичка група Ал шабаб ја презеде одговорноста за нападите, прецизирајќи дека тие се одговор на учеството на Кенија во Африканската унија во Сомалија.
Девет лица се убиени во трговски центар во Хинди, во округот Ламу, близу местото каде минатиот месец беа убиени 65 лица.
Во нападот во реонот Гамба, убиени се 20 лица. И двата округа се наоѓаат северно од пристаништето Момбаса. Борци на Ал Шабаб влегле во полициската станица во Гамба и ги ослободиле оние кои биле во притвор. Некоои од притворените биле поврзани со нападите во Мпекетони од пред две недели, соопшти полициски службеник. Во престрелката загинаа и полицајци.