Ѓоковиќ и Федерер во борба за трофејот на Вимблдон

Од:

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер попладнево ќе се судрат во уште едно големо финале. Сега тие ќе се борат за трофејот на неофицијалното Светско тениско првенство односно Гренд слем турнирот Вимблдон.

Бушар која има само 20 години, за прв пат во кариерата игра финале на еден Грен слем турнир.

За Ѓоковиќ кој ја има улогата на прв фаворит на Вимблдон, ова ќе биде трето финале. Србинот во својот прв настап во финалето на Вимблдон 2011-година го освои и трофејот откако беше подобар од Шпанецот Рафаел Надал. Минатата година Гоковиќ го загуби финалето од Енди Мареј.

Четвртиот носител во Лондон, Швајцарецот Федерер по осми пат ќе игра во финале на Вимблдон. Тој досега  има освоено седум титули, а само во финалето 2008 година беше поразен и тоа од Рафаел Надал.

Финалето Ѓоковиќ – Федерер ќе започне од 15 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров