Лавров бара итен состанок на Контакт групата за Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека во телефонски разговор со шефовите на германската и француската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер и Лоран Фабиус побарал што побрзо да се одржи состанок на меѓународната контакт група за Украина.

Тој истакна дека е неопходно да се применат договорите, кои министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина ги постигнаа на 2 јули во Берлин и да се свика состанок на контакт групата, со цел на Киев и претставниците на југоисточна Украина да им се овозможи да разгледаат безусловен и траен прекин на огнот.

Руското МНР соопшти дека украинската војска ја интензивира воената операција во источна Украина, што го зголемува бројот на цивилните жртви и ја уништува инфраструктурата.

– Многу сме загрижени поради фактот што воените дејства во Украина се проследени со гранатирање на руска територија и тоа создава пречки за бегалците кои сакаат да ја напуштат зоната на судири, се наведува во соопштението на руското МНР објавено на Фејсбук.

Штајнмаер и Фабиус се согласиле дека контакт групата треба итно да продолжи со рбаота. Тие израиле подготвеност да употребат се што им е на располагање за да изберат место за одржување на состанок меѓу претставниците на украинските власти и лидерите на проруските сили, со посредување на Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала