Со дела од последниот творечки опус, академската сликарка, Маријета Сидовски, синоќа во Центарот за култура АСНОМ, се претстави пред гостиварската ликовна публика. Изложбата „За тебе љубов моја“ ја сочинуваат 41 дело изработени во комбинирна техника.
– Делата на Сидовски имаат минималистички израз, но со силни пораки кои кажуваат директно и сé. Таа е реномиран уметник и тоа го оправдува со оваа исложба, рече на отварањето Решат Ахмети, универзитески професор по ликовна уметност.
Сидовски досега имала 34 самостојни изложби и е добитник на повеќе награди за нејзиното творештво. Работи како конзерватор во Музејот за современа уметност Скопје како конзерватор на штафелајна уметност. Изложбата е дел од програма гостиварскиот Центар за култура, финасисрана од Министерството за култура. Изложбата ќе трае наредниве три недели.