На џихадистите кои ја оштетија бистата на Скендер бег им се заканува затвор до осум години

Од:

Основниот суд во Урошевац, на двајцата џихадисти од косовскиот град Качаник, кои деновиве ја хулеа бистата на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег во центарот на градот, им го продолжи притворот за уште триесет дена.

Арбен Бериша (37) и Јетон Вербани(40) ќе одговараат за „поттикнување верска, етничка или расна нетрпеливост“, дело за кое косовскиот законик предвидува казна затвор во траење до осум години, јави дописникот на МИА.

И двајцата се членови на т.н. невладина организација „Ринија исламе-Kачаник“ (Исламска младина – Kачаник), која не е регистрирана. Нејзин лидер, или емир како што го нарекуваат, е Лавдерим Мухаџери, од Качаник инаку водач на албанските џихадисти во Сирија, додека заменик на емирот е Илир Бериша, кого полицијата го уапси со уште двајца други минатата недела, под обвинение за тероризам.

Цел кон средината на јануари годинава беше и бистата на Мајка Тереза во јужниот дел на Митровица, која непознати вандали ја турнаа од постаментот. Ваквиот чин тогаш го поздрави Форумот на млади Муслимани на Косово, кој е дел од исламското движење „Приклучи се“. Форумот смета дека Мајка Тереза е Влаинка од Скопје, а Ѓерѓ Кастриот е Србин, а нивните споменици се резултат на „насилниот и противзаконски процес на покатоличување и србизација на Kосово“.

По последниот вандалски чин организацијата, преку соопштение, истиот го смета за демократски чин на изразување на незадоволство, а од Владата на Македонија и на Косово побара од јавните плоштади да ги отстранат спомениците на хероите христијани и препорачуваат нивните бисти да  ги постават во дворовите на црквите.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица