Против седум лица на возраст од 21 до 44 години од страна на МВР денеска се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство осомничени поради учество во вчерашните протести осомничени за кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, информира на денешната прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски .
– Пријавените кривичното дело го извршиле на тој начин што вчера на бул. Крсте Мисирков на насилен и ненајавен протестен собир учествувајќи во толпа со заедничко дејствување со други лица повредија 20 полицајци и предизвикаа материјална штета што дополнително ќе се утвтдува деновиве, рече Котевски.
Инаку, против дел од осомничените и претходно се поднесувани кривични пријави односно и се познати на полицијата, а на некои од нив им се изрекувани и затворски казни за кражби, разбојништо, фалсификување исправа…
Од службените видео-снимки и од снимките обезбедни од медиумите денеска од СВР Скопје дополнително се препознаени уште шест лица што учествувале во толпата во вчерашните протести и во тек е нивно повикување во полициска станица.
Во полициските станици се спроведени уште девет лица поради сомнение дека биле дел од вчерашната толпа и по целосно документирање и против нив ќе следи соодветна пријава, како и за сите за кои ќе се утврди истото.
Во вчерашната интервенција на полицијата вкупно 27 полициски службеници се повредени од дивеењето на насилниците.
Во однос на одговорот на полицијата, Котевски истакна дека таа била крајно професионална и одмерена, за што сведочи фактот дека ниту една претставка не била поднесена до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР.
– Агресивното однесување на насилниците кои што вчера дивееја низ Скопје беше осудено и од целата демократска меѓународна заедница, рече Котевски.
Во протестите, пак, кои денеска се одржаа во Чаир, и кои како и вчерашните беа ненајавени и насилни и организирани преку социјалните мрежи, полицијата привела три лица.
Како што информира Котевски, протестите почнале околу 13:30 часот на кој учествувале околу 30 до 40 претежно малолетни и агресивни лица од пред џамијата Јајапаша. Потоа почнале
– Во 14:45 минути поради нарушениот јавен ред и мир полицијата кратко интервенираше по што масата почна да се движи назад кон Чаирчанка. Во 15:20 минути на ул. Цветан Димов поради фрлање со камења од масата полицијата започна со интевренција при што лишени од слобода се три лица и спроведени се во полициската станива во Кисела Вода. Се уште се работи на утврдување на нивниот идентитет, рече Котевски.
По разбивањето на толпата, полициските службеници ги обезбедуваат критчните локации и ја следат состојбата. Само еден полицаец пријавил повреда од камен.