Квитова го освои Вимблдон

Од:

Петра Квитова од Чешка е победничка на Вимблдон, третиот Гренд слем тениски турнир сезонава.

Во женското финале одиграно денеска 6-та носителка Петра Квитова од Чешка експресно за само 55 минути со 2:0 во сетови ја победи Канаѓанката Ежини Бушар.

Во првиот сет кој траеше 32 минути Квитова на својата противничка и препушти 3 гема добивајќи го со 6:3, додека во вториот 24-годишната чешка тенисерка не загуби ниту еден гем, па го реши во своја полза со убедливи 6:0 за само 23 минути игра.

За Квитова ова е втора титула на Гренд слем турнирите и тоа втора на Вимблдон откако пред две години во финалето ја победи Марија Шарапова

Бушар, која има само 20 години, за прв пат во кариерата играше финале на еден Грен слем турнир.

Утре на програмата е финалниот меч во машка конкуренција во кој ќе играат првиот фаворит  Новак Ѓоковиќ од Србија и четвртион носител Роџер Федерер од Швајцарија.

За Ѓоковиќ тоа ќе биде трето финале, откако 2011-година во својот прв настап го освои трофејот со победата над Надал, а минатата година во финалето загуби од Енди Мареј.

Федерер, пак, по деветти пат ќе игра во финале на Вимблдон каде досега има освоено седум титули, а само во финалето 2008 година беше поразен и тоа од Рафаел Надал.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров