Лина Ѓорческа во финалето на турнирот во Прокупље

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на фјучрс-турнирот во Прокупље кој е со награден фонд од 10.000 долари.

Ѓорческа, која е прва фаворитка на овој турнир  (441-место на ВТА листа), во полуфиналето ја победи Габриела Пантуцкова од Чешка (621-место на ВТА листата) со 2:1 во сетови.

Иако првиот сет нашата тенисерка го загуби со 5:7 сепак во следните два беше убедлива.

Во вториот сет Ѓорческа на својата противничка и препушти само еден, а во третиот сет само два гема (6:1 и 6:2).

Ѓорческа во финалето ќе игра против Австралијката Александра Нанкароу со која заедно вчера во игра на двојки триумфираше во финалето на овој турнир.

Нанкароу, која на ВТА листата е на 571-место, во првиот полуфинален меч па победи Елисавета Ианчук од Украина со 2:1 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров