Настаните во Ирак секаде се на ударните вести, но повторно се премолчува прашањето кое се крие зад насилствата: контролата на ирачката нафта. Наместо тоа, медиумите се полни со дебати, ужаснување и детално анализирање на терористичките закани, од исламските држави Ирак и Сирија ИСИС. Притоа, се разговара и за можности од граѓанска војна која се заканува да предизвика ново етничко чистење и пад на загрозената влада на премиерот Нури ал-Малики.
Всушност во тек се многу градски демонстрации против власта, како што ги нарекува експертот за Блискиот исток Хуан Кол, побуни против власта. Побуните моментално се ограничени на сунитските области и имаат исклучително секташки карактер, па така групи како ИСИС можат да се развиваат па дури и да ја преземат водечката улога во различни области. Меѓутоа овие побуни, не ги создаде ИСИС и неговите неколку илјади борци, ниту тие ги контролираат. Во нив учествуваат и поранешни баатисти и поддржувачи на Садам Хусеин, племенски паравојски и многу други. Тие на крај можеби нема да запрат во сунитските области. Како што минатата недела пишуваше Њујорк Тајмс, нафтената индустрија се грижи немирите да не се прошират на јужниот шиитски град Басра, каде се групирани главните ирачки нафтени полиња и постројки.
Под зовриениот океан на сунитското незадоволство се крие еден игнориран факт. Бунтовниците не се борат само против тоа што го сметаат за угнетување пред се од шиитската влада во Багдад и нејзините сили за безбедност, туку и за тоа кој ќе го контролира и користи ирачкото национално богатство, како што ја нарекува Малики во интервју за Вол Стрит Џорнал.
Деконструкција на Садамовиот Ирак
Дали некој се сеќава како Ирак изгледаше пред 10 години, додека Садам Хусеин се уште беше на власт, а САД се подготвуваа да нападнат? Од една страна, Ирачаните посебно шиитите и Курдите, трпеа под чизмата на репресивниот диктатот, кој уби 250.000 и повеќе свои сонародници во текот на своето 25 годишно владеење. Трпеа и сиромаштија предизвикана од американските санкции, според некои проценки од 500.000 деца што умреа само од последиците на санкциите.
Од друга страна, државата имаше успешен извоз на кожна галантерија и земјоделски производи и овие индустрии вработуваа стотици илјади релативно добро платени работници и претприемачи. Имаше и силна електрична, водоводна и патна инфраструктура (која вистина лесно пропаѓаше благодарение на тие санкции). Покрај тоа, имаше најдобар систем на основото и средното образование во регионот, како и најдобра бесплатна здравствена заштита на Блискиот исток. Во држава од 27 милиони луѓе, во споредба со другите земји во регионот имаше голема средна класа, главно вработена во државниот сектор, од три милиони припадници.
Овие предности главно се поддржуваа од еден извор: 2,5 милиони барели нафта колку што Ирак произведуваше секој ден. Дневниот прилив од продажбата на националното богатство го одржуваше економскиот развој на земјата. Всушност, нафтено основаниот државен буџет беше доволен да издржува многу палати на Хусеин, да ги збогати сите негови роднини и сојузници да ги финансира неговите разни војни, против други земји и против ирачките Курди и шиити.
Оваа комбинација на угнетување и просперитет се заврши со американската инвазија. Наспроти негирањето дека нема да го допре ирачкото наследство, администрацијата на Буш веднаш се нафрли на овие нафтени приходи, пренасочувајќи ги од стопанството на отплата на долговите и набрзо потоа на кампања на пацификација. Наспроти ветувањата на Вашингтон дека под американска окупација производството наскоро ќе порасне на 6 милиони барели дневно, крадењето на производството на енергенти од разни ирачки раце заврши со девастирање на индустријата и пад на производството за 40 отсто.
Всушност, окупаторската влада беше шампион во економската деструкција. Веднаш се фрли на разградба на сите државни и нафтено субвенционирани индустриски постројки, доведувајќи до стечај и приватни индустрии кои зависеле од нив. Го прекина и уништи комерцијалното земјоделство, со повторното прекинување на нафтено финансираните субвенции на Садам и воздушните напади на бунтовниците во руралните области. Наметна мерки за штедење и програма за дебаатификација на државниот образовен и здравствен систем.
Бидејќи ниту еден Ирачанец на некоја повисока позиција немал избор освен да се зачлени во Баат партијата на Садам, ова се покажало катастрофално за средната класа, чие мнозинство од припадници преку ноќ се нашле без работа или во бегство во некоја од соседните земји. Бидејќи тие луѓе ги воделе овие системи, често под се полоши услови, последиците по електричната, водоводната и патната инфраструктура биле разорни. Додајте ги на тоа и последиците од бомбардирањето и приватизација на одржувањето и ќе добиете трајна катастрофа.
Кога во 2009 година администрацијата на Обама почна да ги повлекува американските борбени сили, невработеноста во Ирак, посебно во сунитските области, достигнуваше 60 отсто, Ирачаните имаа спорадично снабдување со електрична енергија, затруени водоводни системи, епизоден образовен систем, нефункционално здравство и непостоење на одржлив јавен или приватен превоз. Малку кој на западот памти дека 2010 година Малики својата предизборна кампања ја темелеше на ветувања дека ќе ги реши овие проблеми со зголемување на нафтеното производство, повторно на 6 милиони барели дневно. Бидејќи постоечкото производство било повеќе од доволно да ја одржува владата, практично целокупното зголемување на приходите можело да се употреби за реконструкција на јавните служби, индустријата и земјоделскиот сектор.
Корумпирано наследство на американската окупација
Наспроти неговото очигледно шиитско секташтво, сунитите на Малики му дале време да ги исполни предизборните ветувања. Некои се понадеваа кога договорите за пружање на услуги биле понудени на тендер на меѓународни нафтени компании за да се зголеми производството на нафта на тие 6 милиони барели до 2020 година. (Меѓутоа, други токму во тоа видоа распродажба на националното богатство). Многу Ирачани на почетокот биле задоволни кога производството на нафта почнало да расте во 2011 година, нивото од периодот на Хусеин 2,5 милиони барели дневно, конечно се достигнало, а во 2013 година производството надмина 3 милиони барели дневно.
Ова зголемување ги разбуди надежите дека конечно ќе почнат реформите. Бидејќи цените на нафтата мирувале на нешто помалку од 100 долари по барел, државните приходи дупло се зголемиле, од околу 5 милијарди долари во 2010 година на над 100 милијарди во 2013 година. Ако само ова зголемување беше распределено на населението, тоа ќе беше неочекувана субвенција од 10.000 долари за секое ирачко семејство, пет милиони народ. Ова можеше да биде и многу ветувачка почетна инвестиција во обнова на ирачкото стопанство и социјалните услуги. (Само енергетиката бараше нови инвестиции од неколку десетици милијарди долари за производството на струја да се врати на предвоеното ниво).
Но, ни дел од ова нафтено богатство не достигна до луѓето, посебно не во сунитските области каде тешко може да се забележат какви било знаци на реконструкција, економски развој, обновени услуги или работни места. Наместо тоа, огромните нови приходи исчезнаа во пукнатините на владата која Транспаренси Интернешенал ја прогласи седма на планетата по корумпираност.
Барање на дел од националното богатство
Тука стапува на сцена ирачката нафта, или макар недостигот на нафтените приходи. Заедниците ширум Ирак, посебно во злогласните сунитски области, почнаа да бараат средства за реконструкција често со поддршка од локалните и покраинските власти. Владата на Малики упорно одбиваше да издвои дел од приходите за такви проекти, а наместо тоа се одлучи да ги осуди овие барања како обиди парите да се пренасочат од поитните буџетски проблеми. Во тие проблеми спаѓале десетина милијарди долари за купување на воена опрема, вклучувајќи Ф16 авиони од САД за 4 милијарди во 2011 година.
Во реткиот момент на ироничен увид, списанието Тајм го заврши извештајот за купување на овие авиони со следниот коментар: – Добра вест е дека овој договор веројатно ќе ја одржи во живот фабриката на Локид Ф16 во Форт Ворт уште една година. Лоша вест е дека само 70 отсто Ирачани имаат пристап до чиста вода, додека само 25 отсто од нив имаат елементарни санитарни услови.
Да не погрешиме за Малики, неговата влада навистина употреби дел од новите нафтени платформи на вработување во уништените државни и социјални служби, но практично сите нови работни места ги пополнија шиити во шиитските области, додека сунитите и понатаму беа отпуштани од јавниот сектор. Овој недостиг на работни места, кој секако претставувал недостиг на нафтени пари, беше клучен покренувач на сунитското востание. Како што Патрик Кобурн напиша во британски Индепендент:
– Сунитските мажи се невработени, бидејќи државните пари се потрошени на други работи, а повремено ненадејно добиваат и отказ без право на пензија поради своето обавезно членство во Баат партијата од пред неколку децении. Еден сунитски наставник со 30 години работно искуство на својот домашен праг нашол изгужвана хартија со обавестување да не доаѓа на училиште на работа, бидејќи бил отпуштен поради таа причина: – Што да правам сега? Како да го прехранам семејството? – се запрашал.
Како што се влошувале условите, сунитските заедници станувале се поупорни, додавајќи на својата петиција и демонстрации заземање на владини канцеларии, блокади на патишта и окупација на плоштадите. И реакциите на Малики ескалирале до апсење на политички функционери, разбивање на демонстрациите и во клучниот момент во 2013 година убивање на десет демонстранти кога неговите сили на безбедност отвориле оган на сунитски протестен камп. Оваа репресија и трајна фрустрација на локалното население придонесе да се обноват побуните кои биле основа на сунитскиот отпор на американската окупација. Кога владините сили почнале да убиваат, герилските напади станувале вообичаени во областите северно и западно од Багдад, кои американските окупатори ги нарекле сунитски триаголник.
Многу од овие герилски акции биле насочени на убивање на државни функционери, полицајци и како што се зголемувал нивниот број, војниците кои Малики ги праќал да ги задушуваат протестите. Меѓутоа, можело да се забележи дека најодлучните, најдобро планираните и најопасните од тие вооружени реакции биле тие околу нафтените постројки. Иако сунитските области на Ирак не се големите нафтени центри, над 90 отсто енергенти потекнуваат од шиитските области на југот и регионот кај Киркук под контрола на Курдите, и таму има нафтени цели.
Покрај низата помали нафтени полиња, низ сунитскиот троаголник речиси по цела должина се протега еден голем нафтовод кој излегува од земјата (во Турција) една голема рафинерија во Хадити и нафтениот комплекс Балџи, кој опфаќа електрана за напојување на северните покраини и рафинерија која произведува 310.000 барели дневно, т.е. една третина од нафтените деривати во земјата.
Нема ништо ново во тоа што локалните герилци ги напаѓаат нафтените постројки. Кон крајот на 2003 година нивните жители прибегнаа на разни стратегии за запирање на производството и извозот додека не го добијат она што сметале дека им припаѓа. Онеспособен бил нафтоводот кон Турција, откако претрпел над 600 напади. Постројките во Баиџи и Хадити се бранеле од бунтовниците така што со локалните племенски водачи давале дел од нафтата, често и до 20 отсто. Откако американската војска во почетокот на 2007 година ја презела контролата над постројките и го укина овој аранжман, двете рафинерии биле редовно напаѓани.
Нафтоводот и рафинеријата се вратиле во нормален тек откако Американците заминале од провинцијата Анбар, а Малики повторно ветил на локалните племенски водачи и бунтовници (често на истите луѓе) удел во нафтата во замена за заштита на постројките од кражби и напади. Овој договор траел две години, но кога владата почнала да се пресметува со сунитските демонстранти, заштитата била прекината. Гледајќи ги овие настани од нафтена перспектива, Ирак Оли Репорт онлајн билтен на оваа индустрија кој најдетално известува за нафтените дејности во Ирак, напиша дека ова било клучен момент во слабеењето на безбедноста, коментирајќи дека силите кои ги заштитувале енергетските постројки… низ историјата се потпирале на сојузите со мештаните во обезбедувањето на објектите.
Борба за нафта
Ирак Оил Репорт совесно ги следел последиците на ова слабеење на безбедноста. – Од минатата година, кога нападите на турскиот нафтовод зачестија. Норт Оил Компани која е задолжена за производство во сунитските области, забележала пад на производството од 50 отсто. Нафтоводот дефинитивно е пресечен на 2 март, а од тогаш со екипите за санација не се дозволува пристап на оштетениот дел. Доводниот цевковод за комплексот во Балџи е дигнат во воздух на 16 април, што предизвика огромно излевање на нафта, па водата од реката Тигар неколку дена не можеше да се пие.
По бројните напади кон крајот на 2013 година Сонангол Оил Компани, национална нафтена компанија во Ангола, се повика на клаузулата повеќе сила во договорот со ирачката држава, напуштајќи го четиригодишниот развоен проект во Нинива. Во април оваа година бунтовниците го киднапираа директорот на рафинеријата во Хадити. Во јуни заземаа една рафинерија бидејќи војската се повлече по поразот во Мосул, втор град по големина во земјата.
Реагирајќи на оваа поплава на герилски напади, режимот на Малики ја засили репресијата над сунитските заедници, казнувајќи ги за криење на бунтовниците. Се зголеми бројот на војниците распоредени во градовите кои се прогласени за терористички центри, со наредба да задушат секаков вид на протест. Во декември 2013 година владините трупи почнаа да користат боева муниција за разбивање на протестните кампови на патните блокади во неколку градови, вооружените герилски напади нагло зачестија.
Во јануари владините функционери и војската ги напуштија деловите на Рамади и целата Фалуџа, два клучни градови на сунитскиот триаголник.
Овој месец, соочени со општо востание, како што го нарече Патрик Кобурн, 50.000 војници го оставија своето оружје на герилците и побегнаа од Мосул и неколку други помали градови. Ваквиот развој на настаните дојде ненадејно и така многу американски медиуми и ги третираа, но Кобурн зборуваше во име на многу обавестени набљудувачи кога воениот слом во сунитските области го нарече неизненадувачки. Како што потенцира тој, војниците на оваа корумпирана војска не биле подготвени да се борат и да загинат на задача… бидејќи таа работа пред се ја вршеле да ги прехранат семејствата.
Повлекувањето на војската од градовите истовремено доведе до макар делумно повлекување од нафтените постројки. На 13 јуни, два дена по падот на Мосул, Ирак Оил Репорт истакна дека електраната и други објекти во комплексот Балџи се веќе под контрола на локалните племиња. По контранападот на засилените воени сили, комплексот стана ничија земја. Ирак Оил Репорт бунтовничкиот напад на Балџи го оцени како можен обид за присвојување на еден дел од ирачките нафтени приходи.
Ако окупацијата на Балџи потрае, во контролната зона исто така ќе спаѓа рафинеријата во Хадити, нафтените полиња на Каиро и Хамра и клучните инфраструктурни коридори, како што се ирачко-турскиот нафтовод Ал Фата, многу цевководи и други постројки кои ја транспортираат нафтата, гасот и горивото до централните и северните области на државата.
Уште еден доказ за намерата да се преземе контролата над дел од ирачкиот нафтен приход, се гледа во првите постапки на племенските герилци по заземањето на електраната во Балџи. – Борците не оштетиле ништо и наредиле на работниците постројките да ги држат во приправна состојба, за да ги покренат штом ќе биде можно. Сличне мерки се воведени на окупираните нафтени полиња и во рафинеријата во Хадити. Иако моменталната состојба е премногу неизвесна за да овозможи нормална работа на постројките, основната цел на борците е јасна. Се обидуваат да постигнат со сила она што не можеле да го постигнат со политички процес и протести, да дојдат до значаен дел од приходите од извозот на нафтата.
Изгледа дека бунтовниците се одлучија да почнат процес на обнова кој Малики одби да го финансира. Само неколку дена по овие победи, Асошиетед Прес извести дека бунтовниците ветуваат на граѓаните на Мосул и на повратниците ефтин гас и храна и дека наскоро ќе ја приклучат струјата и водата и ќе ги расчистат патните барикади. Како што наведуваат, тоа ќе се финансира со помош на над 450 милиони долари (нафтени пари) како и златни шипки, наводно украден од филијалата на Централната банка на Ирак и другите банки во мосулската област.
Тиранскиот режим на Садам Хусеин редовно се соочуваше со бунтови, а кога репресијата не помогна, режимот испорачуваше дел од огромните нафтени приходи во вид на работни места, социјални услуги и субвенционирана индустрија и земјоделство. Тиранската американска окупација редовно се соочуваше со бунтови токму затоа што се обиде да ги искористи огромните нафтени приходи на оваа држава за своите империјални цели на Блискиот исток. Тиранскиот режим на Малики сега се соочува со бунт, бидејќи премиерот одби да ги подели истите овие нафтени приходи со своите сунитски сограѓани.
Од секогаш се работело за нафтата, глупаци!
Пешчаник – Белград